Животот според Лагерфелд

Цитати од еден брилијантен ум.

  • Не се облекувај за да убиеш, облечи се за да преживееш.
  • Тренерките се знак на пораз. Си изгубил контрола над животот, па купуваш тренерки.
  • „Тренди” е последна фаза пред „без вкус”.
  • Јас сум модна личност, а модата не е само облека - за секакви видови промена е.
  • Никогаш не го користете зборот „евтино”. Денес секој може да биде шик во евтина облека (и богатите ја купуваат). Денес има добар дизајн на секое ниво. Можете да бидете најшик на свет во маица и фармерки - од вас зависи.

  • Шик е како мајонез, или има вкус или нема.
  • Не ја користете облеката како параван за вашите лични сомнежи. Бидете горди на себе и тоа не затоа што носите скапа, брендирана гардероба. Супер е, но многу луѓе се среќни и без тоа.
  • Јас сум како карикатура на самиот себе и ми се допаѓа тоа. Како маска е. И за мене, Венецијанскиот карневал трае цела година.
  • Многу сум приземјен, само не на оваа планета.
  • Луксуз е едноставноста на обична маица во многу скап фустан.

  • Луксузните ташни го прават животот попријатен, те тераат да сонуваш, ти даваат самодоверба и на комшиите им покажуваат дека ти оди добро.
  • Смисла за хумор и мал недостаток на почит: тоа е потребно за да преживее една легенда.
  • Сè што ќе кажам е шега. И јас сум шега од самиот себе.
  • Мразам интелектуален разговор со интелектуалци затоа што само моето мислење ми е важно.
  • Беспрекорен сум и многу чист пред да си легнам. Кога бев мал, мајка ми секогаш ми велеше дека можеш да се разбудиш во сред ноќ смртно болен, па мораш да бидеш беспрекорен. Сега ми е смешно, но сепак мислам дека треба да се оди во кревет како да те чека дечко или девојка пред врата.

  • Ако фрлаш пари, фрлај ги со радост. Немој да викаш „не треба така” - тоа е буржоазија.
  • Животот не е натпревар за убавина, има грди луѓе што се супер. Она што го мразам се безобразни, грди луѓе... најлошо е грди, ниски мажи. Жените можат да бидат ниски, но за мажи е невозможно. Тоа е нешто што нема да му го простат на животот... Зли се и сакаат да те убијат.
  • Селфито е една ужасна работа што те изопачува. Брадата ти е преголема, главата ти е премала. Тоа е електронска мастурбација.
  • Импровизирајте. Бидете покреативни. Не затоа што морате, туку затоа што сакате. Еволуцијата е тајната на следниот чекор.
  • Отсекогаш знаев дека треба вака да живеам, дека ќе бидам една ваква легенда.

22 февруари 2019 - 00:00