Париз, Модна недела, 2019

Знаат они како, само ние не сме навикнати.

Нели секогаш кога треба да учиме минимализам, стил и мода, обавезно се фаќаме за Парижанки и нивниот начин на хендлање на работите?

Е па, ништо од тоа.

Дојде новата модна недела, и не се важи.

Односно... Ај да не се расфрламе со одлуки туку-така. Парискиот минимализам важи. Важат правилата за основни бои во гардеробата, за непретерување, за вадење на едно од ставените парчиња накит пред да излезеш, за исхрана, за оддржлива гардероба, за инвестирање во дизајнерски парчиња, сè е тоа во ред.

Ама што е таа магија секој фешн вик, што ги тера луѓето на улица да излегуваат како кловнови наместо како тоа што го пропагираат сите медиуми во текот на целата година?

Или тогаш излегуваат фриковите?

Или им е јасно дека ако не си „све ми боје лепо стоје” нема да те фати камера?

Или најозбилно, точно тоа им лежи на душа, што е најдобар одговор, и баш такви сакаат да ги видиме?

Во секој случај, Париз секоја година вади уникати и не личи на ништо друго освен на себе.

извор

5 март 2019 - 00:03