Брендови што можеби не вредат за парите

Инвестиција во бренд е супер. Само да не се заборавиме од давање пари на нешто што одамна не вреди колку што му бараат.

1. Coach - одлични и прескапи ташни, со пропратна изјава, и што би рекол Лагерфелд, „да им покажеш на комшиите дека добро ти оди.

Не мора, затоа што Коуч изгуби на вредност од бизарни причини - стана предостапен (иако меѓу поскапите), па сега се труди да се врати назад на врв со уште поскапи ташни, а поретки распродажби. Значи, не дека не вреди - ама не мора илјадници и илјадници евра.

2. МК - Мајкл Корс едно време беше статусен симбол, па почна да му паѓа вредноста од прилика во исто време како и на Коуч. Проблемот е - премногу достапни. Кај нас е сè уште на високо затоа што ние во сè касниме, па и во ова. 

3. Очила за сонце - без разлика дали ги купувате со потпис, или од бензинска, најверојатно се произведени во истата фабрика - Луксотика. Или Кина. Ама ако не се пазарски, најверојатно се Луксотика. Значи Реј Бан од сто евра и Прада од 1000? Луксотика.

Уште, плус детали:

22 февруари 2019 - 00:00