Мажите се бескорисни пред 33

Во серијата на Тиндер, Swipe Sessions, Џенифер Лопез ѝ помага на една 29-годишна корисничка, Брук да избере некој од предлозите. Тука се раѓа оваа изјава.

Адвокат за развод да ви каже

Има многу да се учи за бракот од луѓе чија работа е да ги поправаат проблемите во него: Советници за парови, психолози, психијатри, свештеници… А може да се научи и од луѓето што после собираат, ако првиве не успеат: адвокати за развод.

Да си поплачеме: Се враќаат машките кратки шорцеви

Том Форд директно кажа дека мажите „не смеат да носат шорцеви во град.” Фран Лебовиц со право ги нарече „одбивни”, и да се разбереме: машките КРАТКИ шорцеви се је-зи-ви. Среќа долго време се „срамота” да ги носиш. Зошто тогаш сакаат да ни ги вратат?

Армани на филм

Ви текнува по филмови кога ќе кажат, „Полека, ова е Армани одело од икс-илјади долари?” Не се таму проблем потрошените илјадници долари. Армани е премногу закон за тебе да не ти е страв дека некој ќе помине и ќе ти го уништи драгоценото што-и-да-е дизајнирано од него. Наскоро ќе ви се разјасни и зошто.

Руби Роуз ќе биде Бетвоман

Романтичната идеја е дека Бетвоман е создадена во 1956-та затоа што на Диси Комикс им фалеле женски херои наспроти домаќинките налик на Дорис Деј.

Каков тип на маж би земал презиме од жена му?

Еден од најупорните родови аспекти на современиот хетеросексуален брак.

Зошто треба да се биде кучка

Тешко е да се провлече зборот „кучка” во било какво дело (статија, текст, книга, филм, говор) без со него да се провлече и дилемата дали се работи за нешто паметно или за уште едно досаѓање во рамки на погрешно сфатен феминизам. И меѓу сите тие јачања (биди кучка или ќе те прегазат) и излитени фрази (кучка во кревет, не знам што таму на улица), лежат и умните дискусии, како оваа.

Да се преживеат температуриве без да личиш како да си излегол од Вардар

Џабе се труди човек да личи на нешто на 40 степени. На вакво време, цела шминка, сите ќошеви на телото, било каков обид за средена коса - сè се распаѓа.

Многу работа не е на арно

Прво дознавме дека одмор од 8 дена не е одмор, а сега дознаваме и дека претерување со работа не е добро за здравје. Конечно се прават вистинските истражувања!

На Кејтлин Џенер ѝ се глуми Марвел негативец

...Негативка. На стаклени нозе се држи насловов, среќа не сме во англиско говорно подрачје.

Винарии забрануваат момински вечери

Не знаеме дали на домашните уживачи во „девојачко” им текнало да прават обиколки по винарии, ама очигледно тие што му се локални на Лонг Ајленд претерале. Неколку винарии од таму почнале да ставаат забрани на момински вечери заради целото тоа вриштење, правење човечки пирамиди и изобилство на фалусовидни додатоци, што, замислете - им пречело на другите гости.

И Инстаграм знае дека е штетен за (ментално) здравје

Едно е да си праќаш сликички во приватна порака со другарчиња, по што следат дебати и дискусии за тоа дали Крокс се во ред за надвор, ама повеќето корисници ич не го поминуваат времето на Инстаграм така - и по најновите истражувања, тоа време во просек е девет часа дневно. ДЕВЕТ. ЧАСА.

Татко ѝ на Меган Маркл не чини

Или барем така излегува после сите интервјуа што ги исподаде и сите папараци фотографии што ги наплати. Фино е да се мисли дека човекот само сака да ѝ привлече внимание на ќерка му, ама после сите глупости, излегува дека само сака да привлече внимание и точка.

Мора ли до толку да се трпи за убавина?

За пластични чизми и штикли е муабетот. Тоа така фино изгледа на Инстаграм и по модни магазини, така топло потсетува на вечно посакуваните стаклени чевлички на Пепелашка, и истовремено така брзо тргнува наопачки кога ќе го навлечеш на себе, што си бара посебна онлајн архива со наслов „проблеми со ПВЦ”.

„Обратно силување” веќе не е тоа што мислиме

Нема дефиниција за силување што не е грозна, и таква е и онаа за обратно силување, што до скоро беше „кога жена силува маж”. По ново, оваа дефиниција добива суштинска, криминално идиотска измена.

Ако не сакаш да го шокираш организмот со дигитален детокс

Ви се бега од интернет и технологија? Не мора да биде толку строго и како со нож пресечено.

Зошто во „Princess Diaries” го нема таткото?

Ако ве фати 2000-та во тинејџерски години, тогаш веројатно ќе ви текне на Princess Diaries, ако не на книгите, тогаш на филмот. Со Ен Хатавеј, кога не знае дека е принцеза, па ќе дојде кралицата (Џули Ендрус), па ќе и каже, па хаос. Кој ги читал книгите, веројатно знае дека таму го има и таткото на принцезата. Во филмовите го нема, и причината воопшто не е мистична туку е - Џули Ендрус.

Celebface - фин потсетник на реалноста или мизогинистички профил?

Биото на Celebface на Инстаграм е „Добредојдовте во реалноста” и „Ако не сакате да ја видите вистината, напуштете ја странава.” Има половина милион следачи и таму може да се најде детално, речиси опсесивно сецирање на сите начини на кои се конструираат телата на славните во сите медиуми.

Баленсијага ги премина сите граници

Не, не затоа што украдоа дизајн на торба од сувенирница. Затоа што пукнаа да го убедат светот дека ако кажат дека нешто сто пати видено, евтино, глупо и грдо е добро (и треба да биде скапо), тогаш тоа мора да е така.

Вагинално подмладување не постои и опасно е

На ниедна вагина не и е потребно подмладување - и сè попопуларната процедура позната како vaginal rejuvenation, или „вагинално подмладување” може да биде дури и опасна.

Ванс и Ван Гог, то су срца два

Ванс има нова капсула и превозбудлива соработка, ако така може да се нарече - скејтерскиот бренд се спојува со Ван Гог музејот, кој ја има најголемата колекција уметнички дела од Ван Гог и прави колекција облека и обувки со наслов Vans Classics. Да, светот секојдневно разочарува, ама па после прави и вакви работи, па му простуваш.

И жените можат да работат по бандери

Новозеландската агенција за транспорт ќе менува знаци на кои пишува Linemen - во Line Crew, откако добила писмо од седумгодишно девојче кое им укажало дека „и жените можат да работат на бандери.”