Не лажете дека не се замарате со такви работи, и не е битно кој пол сте. Порано може пораат бевме, кога проценката зависеше од повремени 36 пози што претходно зависеа од развивање во студио - не можевме во секое време да одлучуваме дали сме убави или гадни.
Сега сме опкружени со фотографии од себе и некои од нив ги гледаме како доказ дека тоа што го гледаме во огледало е тешка заблуда.
Како што ќе каже Ана Акана во видеото - застануваш пред огледало и си викаш: кое совршенство сум (океј, ова не си го викаат сите, во ред е), па решаваш дека тоа мораш да го споделиш со светот и предната камера на телефонот некако нејќе да ти признае дека си совршенство.
И настанува дилемата: дали сум најубавото или најгрдото нешто што ѝ се случило на планетава?
Ана гугла. И начекува текст што ѝ кажува дека не е единствена.
После кратко истражување (каде што учествуваат другарки во групна порака) го открива очигледното - на сите ни се случува, а најверојатно сме ужасни кон самите себе, и во поголем дел од времето сме - сосема во ред.