Најважната соба во Бакингемската палата

Во палатата има 775 соби. Од нив, 188 се соби за персонал, 92 се канцеларии, 78 се купатила и 52 кралски и гостински спални. Од сите, најважна е Собата 1844.

Таму кралицата Елизабета и кралското семејство примаат гости, и тоа не ко нашите, туку семејството Обама, на пример, претседателот на Кина, Жи Јинпинг, или Анџелина Џоли. Собата може да се намести како за публика, како за приватен состанок на совет или за оброк - оваа недела на пример, кралицата организираше ручек за група луѓе меѓу кои и војводата од Јорк, архитектот Сер Дејвид Аџаје и Фелисити Астон, првата жена што сама го премина Антарктикот. Од она што ѝ е познато на локалната, па и светската јавност, кралицата често ја снимаат баш таму за божиќниот говор.

Името ѝ е такво заради годината 1844-та, кога прв пат го примиле рускиот цар Николај I, кој бил толку грандиозен гостин, што на ѕидовите имало и негов портрет.

Во палатата инаку има и Соба 1855, по годината кога ги посетил Наполеон.

Ентериерот: има мебел од 19-ти век, тапациран во сино и златно, портрет од кралот Џорџ IV и Фредерик, војводата од Јорк како деца, и биро во неокласицистички стил од 1820-та.

Во 2009-та, Телеграф опиша еден обичен ден во Собата 1844:

„Кога кралицата е подготвена да прими гостин, притиска на ѕвонче. Потоа, послугата го внесува гостинот, (што конкретно на тој 23-ти јуни бил литванскиот амбасадор Оскарас Јусис), па по 10 минути на само со кралицата, влегува и неговата придружба."

Без разлика што името и функцијата и се историски, собата се уште е релевантна до ден денес, во 21-ви век.

25 март 2019 - 13:35