Зошто?

Чудни веѓи на Инстаграм се веќе жанр и категорија, најчесто траат неколку дена додека не ги испробаат мејкап-инфлуенсери и одат во некоја историја каква што пред 10 години немаше ни да ни текне дека ќе постои: eyebrow trends.

Космополитен ги вика „чудно убави”, ама кога тоа ќе заебаваме? Трендов (што може веќе и отиде во заборав додека се пишува овој текст) е само најнов во серија, после периките за веѓи, после цик-цак веѓите, накитените веѓи, веѓите „рибина коска” и после гајтанот (кој за жал не го напуштија така лесно). Не е толку бизарен фактот што сите овие Инстаграм-трендови постоеле, бизарен е фактот што на светот ова му станува секојдневие.

Ги викаат ореол веги.

Космополитен најладно го пренесува интервјуто со мозокот зад оваа операција, инаку 16-годишен. Хана Лин детално го објаснува процесот, како да се работи за еурека-момент на откривање на наизменична струја:

„Разговарав со другарка и сакав да смислам нешто ново и одеднаш ми текна дека треба да ги поврзам краевите од веѓите. Ми влијаеја веѓите ‘рибина коска’; видов како тогаш ми беа свртени нагоре и се инспирирав едноставно да ги продолжам додека не се сретнат во средината.”

Ете. Ништо поневажно од наизменична струја.

Тука би вметнале некоја шала од типот „што е следно, тоа-и-тоа?”, ама џабе. Нема шанси човек да знае што е следно од оваа категорија.

25 март 2019 - 10:04