Гајтан веѓи љубам јас

Космополитен има нова мода што сака безумно да ја следите

Пристапот „да се прифатиме такви какви што сме“ и „да го сакаме тоа што ни го дала природата“ почна многу симпатично. А последниве години, некако ко цело време да се сведува на - влакна.

Таман ги израснавме веѓите што ги искубавме до заборав во средно, затоа што дојдоа полните дебели веѓи - дојде модата на бричење веѓи и цртање како сакаш и во која боја сакаш. Па после дојдоа периките за веѓи (што беа како нарачани за тие што го запратија трендот со бричењето) и сега ова:

Гајтан-веѓа.

Сега е гајтан-веѓа во мода, а насловот на статијата што ја хвалоспева веѓата во Космополитен е, „Гајтан-веѓата на манекенкава ќе ве натера никогаш да не посакате да ги кубете веѓите“.

Штурци.

Ова е Скарлет Костело, манекенка што кога била мала сакала средени веѓи, па после некое време, во договор со нејзината агенција решила да ги пушти да дивеат.

„Почнав да мислам дека изгледам подобро вака. Верувам во идејата дека сите изгледаат подобро со тоа што гените им го дале. Самодовербата при прифаќањето на природната убавина е тоа што е добро овде.“

 

A post shared by @scarlettcostello on

„Добивам повеќе позитивен отколку негативен фидбек, но има од вториов. Ме викаат огар и претенциозна феминистка.“

Веројатно е за поздрав што девојката избира свои стандарди за убавина и се раководи според нив. Него, дали се тоа баш нејзини стандарди и дали некој се јави да праша во агенцијата дали ќе ја нафураше на тоа ако се вратеа линија-веѓите од '90-ти во мода?

Еве ја во демоде варијанта:

 

10 јули 2017 - 13:04