ОК, сега има перики за веѓи

Кај им текнуе, бе?

Стварно постојат. Принципот е ист. Личи на вистинска веѓа, и ја ставаш преку твојата глупава, проретчена и од трендови уништена веѓа, и одеднаш си Instagram-ready. Без да се трудиш да учиш вештини за цртање на Јутјуб, а тоа да не е изглед на певаљка во локална биртија.

Но добро. Да почнеме од лошата страна на појавата. Пола Кина веќе сфати колку е лукративно ова и почнува да произведува мали животновидни чуда што божем ќе бидат супер, и многу луѓе ќе ги пробаат. И ќе нè вадат од памет по улица.

Да завршиме со добрата страна. Квалитетните „перики за веѓи“ и тоа како ќе послужат кај пациенти со хемотерапија или луѓе кои од било какви здравствени причини ги губат веѓите и косата.

Затоа што, кога се квалитетни, излегува дека решаваат доста проблеми.

Еве:

2 јуни 2017 - 13:33