Извинете дечки, сега има нови веѓи за дискусија

Брановидни. Бранувани. Скоро цик-цак. Скроз непотребни.

А сепак тренд си е тренд, а Инстаграм си е Инстаграм. Таман ги разгледавме периките за веѓи, па едвај се опоравивме од „пердув” веѓите кои беа скоро па еднакво непотребни во нашите животи, кога на една шминкерка, Џесика Бродерсен ѝ текнува да си поигра, баш онака, и тоа да го стави на Инстаграм. И сега сè повеќе шминкери и нешминкери на социјалната мрежа го пробуваат, правејќи ги од благо бранувани на крајот, до полноглавци, сперматозоиди и слично.

Ајде де, ако ги преживеавме '80-ти...

1 септември 2017 - 08:42