Викторијанска двојка во 2019-та

Кој ви е омилен историски период? Си одговоривте? Ај сега замислете дека живеете точно така како што се живеело тогаш, минус болештините. Што би  значело, шетање облечени како Џингис Кан, Крале Марко или Александар Македонски.

Овие двајца што ги имаме тука се заљубени во викторијанска ера. Така се облекуваат, така готват, такви точаци возат и таква музика слушаат.

Ама не за играње во слободно време. 

Дваесет и четири часа на ден.

Тоа што имаат струја го правдаат со „па баш тогаш таман излезе и струја”, ама грижата на совест не им дава да користат модерни светла, туку купуваат такви килави. Готват на шпорет на дрва, кој „може да се контролира како сакаш”. И индукциска рингла исто ти прави што сакаш, ама да не се мешаме. Сè што имаат дома е реплика на нешто од нивниот омилен период, така викторијански облечени се шетаат по маало и ведро им мафтаат на комшиите на електрични скутери, а причината за сето ова е што - така им се живее - што и не е така лоша причина.

На коњ се - сè можеш да ископираш од тоа време, вклучувајќи го и ентузијазмот за технологија и живот - ама болестите, недоразвиената канализација и смртноста на новороденчиња си остануваат назад.

2 април 2019 - 15:19