Ако имавте заштедено за стан

Ермез ќе прави производи за козметика и нега на кожа.

Цени уште немаме (од таму и убаво планирајте си ја заштедата), но според Бизнис оф Фешн, карминот и кремата за лице на Ермез можат да ни дојдат до 2020-та.

Прв пат зачекорија во тој правец кога извадија линија парфеми во 1960-ти. Дистрибуцијата ќе биде ограничена за да се научат колку што можат околу тоа што нивните клиенти би сакале од една луксузна линија за козметика - извршниот директор Александар Дима обрнува посебно внимание за начинот на кој што треба да се влезе во една веќе презаситена индустрија.

Нема многу детали во јавност околу типот на производите или колку различни видови ќе бидат достапни, но ако се раководиме според моменталните трендови, најверојатно може да се очекуваат ексфолијатори, маслени средства за чистење лице и no-makeup шминка.

И покрај пригодната шала за заштедата за стан, ако сме посериозни - купувањето производи за убавина е еден поекономичен начин да поседуваш нешто од голем дизајнер. Во споредба со цените на додатоците на Шанел и Диор, нивните кармини на пример чинат помалку од 40 долари.

Останува да видиме, допрва имаме колекција од Лејди Гага за чекање, а тоа делува далеку поинтересно.

26 март 2019 - 12:11