Без разлика што Никола Жеские почнува во Баленсијага, неговата естетика не се граничи баш со онаа на Димна Васалија, а со Џереми Скот на Москино имаат сосема различни гледишта на светот.
Од таму и прашалници кога ќе открие човек дека одредени специфични парчиња, што скроз изгледаат како симнати од ревија на Баленсијага или Москино се врзуваат со Луи Витон, каде што Жеские е сега креативен директор.
После одредено време посветено на истражување, човечки е да си признаеш дека можеби е во тебе проблемот - затоа што си ја пропуштил соработката на Луи Витон со Ворнер Брос од 2018-та, од каде што излегува машката колекција за пролет-лето, 2019-та. И таму не е Жеские. Жеские футуризам третира вака, и тоа баш за пролет, 2019-та (ама за жени).
А бидејќи колекцијата веќе може да се носи, ајде да помуабетиме на темата.
Мозокот зад колекцијата е Вирџил Абло, поновиот креативен директор за машка гардероба, а пригодата е прославување на 80-годишнината на Волшебникот од Оз.
Сетот инаку, посветено осмислен - долга виножито-писта, и меѓу другото, маичка на секое столче за гостите, како симбол на скромните почетоци на Абло:
„Како и некои деца денес, ја почнав нереалната мисија без никакво ‘модно школо’, туку со обична маица, испечатена идеја и сон.”
Имаше и документ со наслов „Речник според Вирџил Абло”, со негови лични дефиниции на модна терминологија.
Ревијата отвара со серија совршено скроени, бели комбинации и чисти силуети со тесни кошули и широки панталони, што е врхунски:
Потоа скроз бели патики со неонско-жолти врвки.
Па уште одлично бело:
Потоа, бело и чисто доаѓа сè поретко, а на негово место има дуксери, поло-маички со кратки ракави, мермер-принтови и транспарентни торби со привезоци со срце закачени на нив.
Во речникот, под R, за rainbow, Абло го дефинира виножитото како „Калеидоскопска палета која еволуира од бело до полихроматско, синхонизирано оформувајќи холографски свод кој го претставува сонот. Мотив во ‘Волшебникот од Оз’ врз кој се базира пролетно-летната колекција за 2019.”