Чудо!

Милион мајки, Кит Кат и машки гениталии

Христијанската група Милион мајки (кои инаку, на Твитер се 3647 мајки, но добро) го напаѓаат производителот на Кит Кат затоа што ги потсетувале потрошувачите на машки гениталии. Сега ќе видиме што тоа.

Ако почнавте веќе да се прекршувате размислувајќи кој дел од чоколатцето потсеќа на гениталии, и тоа машки, не идете до таму. До најновата реклама е:

Наместо да го толкуваме ова, ќе ја пренесеме важната изјава на овие заулавени мајки во целост:

„Несоодветната песна што ја има на оваа реклама се вика „Work It”, од Миси Елиот и нема што да бара во реклама за чоколадо. Песната е за секс, а стиховите се крајно навредливи. Има и збор за машки гениталии што е сокриен зад звук на слон (во превод, „Ако имаш голем ФРРРРР, дај да го истражам”). А сите многу добро знаат дека децата повторуваат сè што ќе слушнат.”

Инаку, рекламата користи само два стиха од песната (нели, 15 секунди трае) и главно е џибриш. Нема шанси дете да ја слушне и види и да му текне на нешто сексуално.

До овие мајки, а и тие што се согласуваат со нив, имаме едно прашање:

Како се станува мајка, дали им текнува?

22 март 2019 - 12:04