Елспет Бирд - со мотор околу светот

Месецот на женската историја е при крај и ред е да го испратиме со одлични жени. На пример жени што го извозеле светот на две тркала. Сами. Може сте јаки, ама тешко дека сте појаки од една од првите жени што се качиле на мотор и го обиколиле светот.

Она што е фасцинантно за жените кои одлучиле светот да го прошетаат на мотор, не е моментот што решиле да откријат како тој функционира, или да се инфилтрираат во култура каде што доминираат машки протагонисти. Фасцинантна е нивната внатрешна храброст да одвозат во непознатото, околу светот, откажувајќи се од безбедноста на патување со партнер, без комфорот што го нуди технологијата или утеха од авантуристи што претходно го извозеле нивниот пат. Нивната бестрашност е гориво за подобра иднина.

Елспет Бирд имала 24 години кога станала првата Англичанка на мотор низ светот - во нејзиното тригодишно патување, поминала 54.000 километри.

Моторот и е BMW R60 од 1974-та, а за него заштедила работејќи во паб во Лондон. Патувањето го почнува во Њујорк, откако со брод ѝ го носат моторот од Англија. Откако ги поминува Канада, Мексико и Калифорнија, Елспет го испраќа моторот до Сиднеј, па до Сингапур и Тајланд, каде што доживува несреќа и се опоравува кај едно локално семејство.

Фалсификува дозвола за да влезе во Пакистан, па се враќа во Европа преку Турција. Нејзината замисла за патување:

„Мене патувањето не ми е возење мотор. Патувањето е она што се случува, искуствата, луѓето што ќе ги видиш, локалците што ќе ги запознаеш. Ако се фокусираш на следење на една линија на екран, нема да треба да застанеш и да прашаш за пат… Порано си поминував одлично кога ќе застанев да прашам за правец, па некои луѓе ќе ме поканеа на чај и ќе останев да преспијам. Такви работи нема кога гледаш во телефон за да видиш кај одиш или на истиот телефон имаш букирано хотел.”

Пред да го започне патувањето, Елспет со обидела да им го привлече вниманието на списанијата за мотори, и се разбира, налетала на шовинизам, скептицизам и неинтерес во нејзиниот подвиг. Дури неодамна нејзината приказна станува јавна, благодарение на нејзината одлука да напише книга за нејзиниот пат.

„Мојата приказна - кутија од моите дневници и записи беше во еден плакар 30 години… Тоа е дел од мојот живот… за кој никој немаше ни да дознае.”

Видеото од нејзе е тука.

Уште јаки како нејзе - тука.

Дали треба да се стремиме кон вакви историски достигнувања?

Апсолутно.

26 март 2019 - 13:55