Модус операнди е да се развикаат да дојдете „да играте“, дека е многу забавно, а треба да ви се чини дека и други луѓе играат и добиваат, а простото објаснување е дека и тие што добиваат се дел од екипа. Може ви се чини дека во 2025 на сите им е јасно, ама сега скоро плачеше една во камера на ТикТок дека успеал „Италијанец“ околу Ајфелова кула да ја измами:
Е, сега, еден има решено и да снима што се случува кога главниот шибицар мисли дека е во опасност. Си ги собира алатките и си оди веднаш, ама на луѓето собрани околу него, оние „среќниците“ што успеваат божем да му извадат пари, не им се исплати да се оддалечуваат, па божем нешто разгледуваат во близина. Може и ќе поминеше без драма да не беа со краток фитил.