На 6-ти октомври, 1954-та, Мерилин Монро се разведува од спортистот Џо Димаџио. Папараци фотките од тој ден ја прикажуваат како, во друштво на нејзиниот адвокат, излегува од судот, во црн, волнен фустан со патент од напред.
Шеесет и пет години подоцна, фустанот ќе биде на аукција, благодарение на Брижит Крус, која го добива од приватен колекционер.
„Тоа е еден господин со кој работам со години. Многу често се случува да мораш прво да стекнеш доверба кај колекционери. Го посетив пред два месеци и влезе во собата носејќи го црниов фустан во прозирна ќеса,” раскажува Крус за Холивуд Репортер.
Колекционерот ѝ дал пет шанси да погоди чиј е фустанот. Ако не даде вистински одговор, не ѝ го давал за аукција. За среќа, Крус погодува точно од трет пат.
Фустанот има почетна цена од 20.000 долари, со тоа што се кладиме дека нема шанси да остане на тоа.
Фин некој свет, таму надвор.
Вие си ја чувате гардеробата од денот на разводот, како некои што чуваат венчаници?