И со фустан се вреѓаат национални чувства

Не се менуваат и отстрануваат само споменици, имиња на институции и табли на пат за да не се навреди некој. И фустан знае да вреѓа.

Оперска пејачка била принудена да смени фустан, затоа што за тој што го носела премногу се гледало дека е инспириран од европското знаме.

Продуцентската куќа предложила британската пејачка да облече друг фустан на нејзиниот настап во Ројал Алберт Хол, затоа што жолтиот „бил отворен за погрешна интерпретација”. Сопругот на Паталонг, баритонот Бенедикт Нелсон на социјалните мрежи објави дека „сопругата беше замолена да го смени жолто-синиот фустан, бидејќи боите биле премногу провокативни.”

Во друг пост вели, „Ако не можеш да уживаш во тричасовен концерт затоа што изведувачот носи златни ѕвезди само три минути, треба да се преслушаш.”

Продукцијата за Бибиси изјави дека примиле поплака од човек од публиката, но тоа не играло улога во нивната одлука да побараат г-ѓа Паталонг да облече нешто друго. Како што кажуваат, одлуката ја донеле затоа што „повеќе им се допаѓал црвениот фустан” што го носела претходните две вечери и сметаат дека тој „повеќе го личи за класичен концерт.”

И го соблекла. Црвениот го носела.

А не ѝ бил жолтиот фустан единствен начин да покаже поддршка за ЕУ - сопругот споделил видео каде што Паталонг ја пее патриотската Rule Britannia на мелодијата на „Ода на радоста”, химната на Европа. Плус, пред неделниот настап, марширала со другите стотици илјадници кои бараа уште еден референдум за ЕУ.

29 март 2019 - 00:59