Сега луѓето се опседнати со млеко од бубашваби и ред е да се самораспуштиме како раса

Знаеме дека фриковите за здрав живот прават необјасниви (и необјасниво глупи) работи во тоа име, ама до овде не ни текна дека ќе стигнат: имено, најновата суперхрана (која што изгледа можеме и да ја извезуваме…) е - млеко од бубашваби.

Поточно, би можеле да извезуваме ако гамадот кај нас припаѓа на видот Pacific Beetle. Затоа што млекото баш во таа е богато со многу хранливи млечни кристали, кои бубачката ги користи за хранење на бебиња-бубашваби.

И бидејќи едно ново истражување покажа дека храната за бубашвапчиња ја бива и за луѓе, се разбира дека ќе се закачат за нејзе, под изговор дека е една од најхранливите и најкалорични супстанци на планетата. Има четири пати повеќе протеин од кравјо млеко и содржи основни амино-киселини што промовираат раст на клетки, липиди кои ни ги одржуваат телата здрави и шеќери за енергија.

Дали има придобивки за разубавување?

Д-р Рејчел Назаријан за Мари Клер вели:

„Нивоата на хормон за растење во оваа течност се непознати, а постојат докази дека хормон за раст може да влоши ситуација со акни кај одредени луѓе. Високите нивоа на шеќер исто така можат да бидат проблематични во однос на здрава кожа и убавина бидејќи е познато дека многу шеќер ја старее кожата побрзо.”

Добро, значи не морате да тепате бубашваби за кожа, ама на пример, докторката вели дека „Протеините и мастите се витални компоненти за добра коса и нокти, а оваа течност може многу да помогне со тоа.”

Сето ова значи дека најверојатно најдовме начин да ги истребиме бубашвабите ширум светот - кажи му на човештвото дека може да се мачка со нив или да ги јаде, и човештвото одма ќе среди, не му е проблем.

Него, најозбилно, ќе се нафати ли некој да внесе есенција од бубашваба во себе?

28 март 2019 - 15:02