Нема да ве прашаме дали го гледавте A Star Is Born, затоа што сите тоа ќе ве прашаат, туку ќе прашаме: Дали го гледавте Gaga: Five Foot Two на Нетфликс? Многу, многу добро. И многу Гага.
Годинава, Либрес - компанија за производи за женска хигиена во сопственост на шведската фирма Бодиформ, доби награда „Стаклен лав за промени” во Кан бидејќи излезе како прв бренд од овој тип што искористи црвена крв во реклама.
Некои луѓе тврдат дека Алекса Чанг денес е она што беше Џејн Биркин во '60-ти, и ич не се далеку од вистината. Некои луѓе тврдат и дека Лиса Елдриџ е едно од најголемите богатства во светот на шминката и скроз се во право. Е па, двете прават мејкап туторијал.
Кога се работи за новогодишните одлуки и желби, луѓето или инсистираат на нив, или гласно ги критикуваат. Од една страна, ваквите одлуки креираат структура за луѓе кои имаат намера да се подобрат самите себе; од друга - често не функционираат.
Кај Џес Едвардс, новинарка од Космополитен влегува девојка што заработува од средување. Баш така, средување, не чистење, не помагање, туку decluttering, расчистување од непотребности. И еве што се научува од тоа.
Принцезата Емили од Нетфликс филмот A Christmas Prince не е обична принцеза - случајно е во количка, ама храбра е, глуми во претстави, се пушта по тобогани и се закача со владини работи на фиктивната земја Алдовија. Како лик е супер, филмот како филм е лимонада, ама доволно забележлив да му се закачат за еден детал.
Архитектката Серен Бингол живее во Челзи веќе шест години. Во еден момент решава да бара нов стан и проаѓа некаде меѓу 150 и 200 станови, за на крај да најде студио од 92 квадрати и 4 метри високи тавани, во зграда во Тудорски стил - и знае дека е тоа - тоа.
Годинава излезе едно незгодно истражување што откри дека осаменоста е полоша од 15 цигари дневно и полоша и од гојазност. И дека младите се посклони на депресија од повозрасните граѓани.