M.A.C ќе пушти линија инспирирана од „Аладин”

„Вашата желба е наша заповед”, пишуваат на објавата на Инстаграм од M.A.C, со пригодна референца на духот од Аладин за соработката со Дизни.

Инспирирано од независноста и самодовербата на принцезата Јасмин, M.A.C му ја посветува најновата колекција баш на нејзиниот филм.

Како изгледа колекцијата?

Циклама кармин, палета со светкави и мат сенки и руменило чија што нијанса има цел да направи да изгледаш како да си бил во Дубаи за нова година.

Пакувањето е инспирирано од сината облека на принцезата, плус златни и смарагдни тонови, со малку розева ориентална шара.

Ќе излезе на 16-ти мај, една недела пред премиерата на новиот Аладин, на 24-ти.

Останува да видиме дали и кај нас во исто време или ќе закасни некоја година. Не дека сме ние толку назад, само ете, толку сме јаки, што кај нас е тешко да се влезе. 

Ќе почекаме.

18 март 2019 - 18:13