Пламениот фустан на Боб Меки: Кој го изведе најдобро?

Не се било кои обични смртници во конкуренција. Имаме Шер, Тина Тарнер и Бијонсе.

Рупол често знае да каже „Шер е родена гола, сè друго е Боб Меки.” Нераздвојни се уште од ’60-ти и заедно работат на некои од најневеројатните комбинации на Шер, спојувајќи го нејзиното хипнотичко присуство на сцена со неговите екстравагантни костими. Во 1978-ма, Шер проба да се бави со манекенство и се појави на една од ревиите на Меки со т.н. flame dress. И не им е доста, си немаат откажано љубов до ден денес, а минатата година работеа на костими за мјузиклот The Cher Show.

Тина Тарнер го носеше на концерт во 1978-ма, истата година со ревијата, симболично, како феникс што се раѓа од пепел, (Тина успеа конечно да избега од Ајк во ’76-та). Дизајниран е да „светка како динамит” при осветлување и апсолутно ѝ одговара на животната приказна во тој момент, а и на самото нејзино присуство на сцена. Само дали повеќе отколку што ѝ одговара на Шер?

И како најдосадна варијанта, после овие две, Бијонсе го носеше во 2005-та на еден настан, каде што и настапуваше, правејќи омаж на Тина, 27 години после нејзе. Бијонсе е можеби queen of the world во моментов (од необјасниви причини), ама реално, можеш ли да бидеш тоа, и сите други атрибути што ги добива Бијонсе, додека се Шер и Тина се уште живи?

Off Cafè гласа за Тина.

А кој е Боб Меки?

Еве:

18 март 2019 - 23:09