Џабе честита Меланија „Месец на женска историја”

„Значи, да бидеш трофеј-сопруга е сила и истрајност?”

Луѓето се гадни.

Меланија е како смотаното дете во школо што упорно се труди, не е многу бистро, го учат како треба, ама другите сурови деца немаат намера да дозволат некој да им ја одземе боксерската вреќа.

Така, немоќните американски слободари и мразачи на Трамп, не пропуштаат прилика да го избришат подот со неговата сопруга, дури и кога жената изјавува пригодни работи.

Прави грешки, облекува глупости, ја караат, никако да убоде, ама овој пат се што кажа беше

„Месецот на женска историја е можност нашата земја да ја слави историјата и да ги предизвикува жените насекаде да продолжат да бидат силни и истрајни водачи во секој нивни подвиг.”

Пригодно нели?

Најверојатно и друг ѝ го напишал, не ќе се преправаме дека се сама смислува.

Додека коментарите покажуваа нетрпеливост до степен:

„Ако не можеме да спасиме деца што се одвоени од родителите и да ги заштитиме од сексуални предатори, тогаш ниеден маж, ни жена не се силни. Во моментов за жал, сме слаби.”

или

„Убеди го маж ти да даде оставка. Тоа ќе биде покажување сила од твоја страна.”

…беше во ред.

Ама сељаците долетуваат и на сосема пристојни постови, а не па кај првата дама на САД, мажена за најпроблематичниот претседател во историјата.

Па, така, почнаа да се расфрлаат со разголени слики од Меланија и досетки што единствено успеваат да истакнат колку се луѓето главно лажни во нивната поддршка на, како што милуваат да кажат „секоја жена”.

„Значи, да бидеш трофеј-сопруга е сила и истрајност?”

„Маж ти уште фаќа девојки за пичка?”

„Сторми Даниелс е јака жена. Треба да ја вклучиш во твојава борба.”

Среќен месец на женска историја, стварно, во 2019-та, годината кога жените се слават со плукање по други жени. Не дека нас нè тангира многу Меланија, ниту пак ќе го игнорираме фактот дека навредите упатени кон нејзе се навреди упатени кон Трамп.

Ама дека ич не сме покусо од светот и неговиот „да ѝ цркне козата на комшиката” став - не сме.

7 март 2019 - 00:00