Минатата недела, Мејдвел се вклучи во приказната што ја налага модната индустрија (она дека ќе престанат со уништување на природата заради мода) со својата прва колекција од оддржливи материјали.
Се вика Second Wave (Втор бран) и има 32 парчиња, од бикини со висок струк, до едноделни со гол грб, во едноставни принтови или една боја. Секое парче чини под 100 долари.
Искористиле околу 50.920 шишиња за производство на колекцијата. Во секој костим има меѓу четири и осум шишиња.
Мејдвел не се први, пред нив вака почнаа да работат Патагонија и Мара Хофман, но имаат за цел понатаму повеќе да се посветат на еколошки материјали.
Па, да ни се множат вакви вести, после крзната, кожите и патиките на Стела Макартни.