Шанел престанува со егзотична кожа и крзно

Умна мода, браво.

 

„Нема веќе егзотични кожи и крзно во новите креации.”

Така кажаа од Шанел пред есенската ревија во Метрополитен музејот во Њујорк, што значи дека веќе нема да работат со материјалите кои (иако ретко) ги користеле до сега: кожа од гуштер, крокодил, змија, ража и крзно. Одлуката е таква од причина што станува сè потешко да се најдат овие материјали на начин кој ќе се совпадне со етичките стандарди на модната куќа. „Има проблем во набавка, а и секако тоа не е главниот бизнис на Шанел,” вели Бруно Павловски, претседател на компанијата. „Решивме така, затоа што темата е присутна, но не и наметната. Слободен избор беше.”

Сега ќе се фокусираат на истражување и развивање материјали и кожи кои се добиваат од земјоделско-прехранбената индустрија. „Иднината на луксузните поризводи ќе дојде од тоа што нашето ателје е способно да го прави,” продолжува Павловски. Но сепак, ќе треба да помине време пред да се потрошат сите производи кои се правеле на стариот начин.

Шанел е сега прв луксузен бренд кој, заедно со Асос, Најк, H&M, Пума, Аркадија Груп и Л Брендс што престанува со егзотична кожа. Армани, Коуч, Версаче, Мајкл Корс, Гучи, Бурбери и Џон Галијано веќе објавија дека нема да користат крзно, но уште не се одвоиле и од кожа.

Поточно, демоде е вистинско крзно, никој не го есапи веќе и ова се претвора во баш убав моден свет.

5 декември 2018 - 15:18