Нема кожа и погодни се за вегетаријанци, се викаат Стела Стен Смит и се омаж на оригиналот, со потпис на Стела и нејзините вредности.
„Уште откако си отиде од Клое и си направи сопствен бренд во 2001-ва, Мекартни докажува дека може да биде шик и свесна”, пишува i-d vice.
„Патиката Стен Смит е неверојатен дизајн што го издржа тестот на времето. Фан сум на оригиналот како и сите,” раскажува Макартни. „Содржи историја на тенис и перформанс кој во тоа време беше многу важен. Сега изгледа како инвентар во обувките, како класика, но во тоа време беше многу револуционерна патика и многу нова и невидена технологија за спортски обувки.”
Правиме муабет за патика што е на 14-то место на список на највлијателни патики на сите времиња. Пред да дојдат огромните модели и неочекуваните композиции наречени „патики за косење” или dad sneakers, на сцена беа само тие, ненаметливи, минималистички и недраматични.
Сега и вегетаријански.
На јазикот на десната ќе има принт од ликот на Стен Смит, а портрет од Стела на левата, а во продавници ширум светот ќе почнат од 10-ти септември.