Ана Винтур на важни теми

На прв поглед може и нема да ви се чинат баш важни - што мисли за семејството Кардашијан, што мисли за хеланки, како да се облечеш за на интервју за работа и слично. Ама ќе видите.

Не се толку важни Кардашијан, колку што е важно на што точно од нивниот свет Винтур обрнува внимание - на способноста да изградиш империја од живеење во јавност, на модната и личната еволуција и на нечии врвни менаџерски способности.

А да, и да знаеш точно што сакаш во животот, како Кендал Џенер. 

Во случај да сте ја ставиле модата во категорија „неважно”, Винтур по кој знае кој пат потсетува дека она што го носиш покажува каков си. И ако не носиш нешто што те претставува тебе како карактер, тогаш изгледа како да си го купил пред два саати.

И плус, хеланки, плус како се смениле ревиите со текот на времето...

И пак паничат луѓето, бе!

13 март 2019 - 00:00