Што би ја прашале Ана Винтур?

И дали вака би ве фатило паника пред да прашате, а не сте ни во истата просторија?

Видете ги само како се препотуваат. И од сите, бре, прашања, озбилно „умираш да знаеш што мисли Ана Винтур за Меган Маркл”?

Како и да е, три минути прашања и одговори со Винтур знае да биде забавно, особено вака кога ќе ја натераат инспирацијата зад Миранда Присли да учествува во ствари што бараат да се поднасмее и да каже шала, макар што шалата звучи како да ќе те убие со поглед откако ќе ја каже. Среќа па носи наочари. Истите што ги носи во последниве 700 години. Нека не ве лаже дека се 100.

И никој не праша од кај тој мерак за така гадникави фустани.

30 јануари 2019 - 00:00