Еднаквост меѓу мажи и жени има само во 6 земји, погодете дали сме меѓу нив?

Не. Не сме. Ама наводно сме подобри од Америка. Па и ние еднаш да не сме последни.

Едно ново истражување објавено од Светска банка открива дека само шест земји во светот им даваат еднакви права на мажите и жените. Извештајот се однесува на правни и економски права и покажува дека комплетна еднаквост меѓу половите има само во Франција, Белгија, Данска, Летонија, Луксембург и Шведска.

Извештајот кажува дека имало голем прогрес во правната полова еднаквост во изминатата декада. Во 131 економија, имало 274 реформи на закони во обид за подобрување и се забележува. Сепак, на светско ниво, од можен резултат 100, просекот е 74,71, што значи жените добиваат само три четвртини од правата што ги добиваат жените.

Параметрите што се покриени се „шета”, „наоѓа работа”, „добива плата”, „се мажи”, „има деца”, „има бизнис”, „располага со средства” и „добива пензија”.

Најниски бодови имаат Катар, Иран, Судан, Обединети Арапски Емирати и Саудиска Арабија - сите под 35. Америка е до 83,75, за илустрација - дели место со Бахами, Малави и Кенија.

Ние сме на 48-мо место, со 88,13.

7 март 2019 - 00:47