И вие ли се молите со сопствената коса?

Многу е можно косата да не ви е како од реклама. Поточно, најверојатно не ви е. Се разбира, ако дојдовте да прочитате како да ви стане како од реклама, ние со задоволство ќе ве спасиме и ќе ве информираме дека тоа нема баш да се случи. Ама на пример, има начини како да ве слуша малку повеќе.

Доста демонизирате ножици

Прво да го решиме ова: Да, редовното шишање звучи контраинтуитивно, ама тоа не значи дека не треба редовно да одите на фризер (или, уште подобро, еднаш зборувавме за како да се ишишаш сама, а притоа да не се упропастиш). Со редовно шишање се ослободуваш од штетата на косата, и нели расцветаните врвови што секако ќе ти направат уште поголем проблем во иднина.

Би требало тоа да биде на секои, да речеме, осум недели, ама не мора толку строго. Едноставно, внимавајте на врвовите, следете и санирајте.

Доста со пешкирот

Да, доста со тоа што СИТЕ го правиме, така викаат. Фино и раат е да си ја завиткаш косата во турбан, само што комбинацијата на виткање, тензија и триење на супер-нежна, мокра коса со ткаенина не ни прави никаква услуга. Ако можете, заменете го обичниот пешкир (што сите го имаме) со пешкир од микрофибер, и не тријте, само тапкајте. За виткана коса, попаметно ви е памучна маица. За тие што се најхардкор - со ништо.

Околу чешлањето

Прво, научете се како тоа се прави. Не со „сто потези со четка пред спиење”. Само нежно и кога мораш, со нежна четка. „Нека има заоблени, пластични запци и перниче,” советуваат експерти. Без разлика дали чешлате, отплеткувате или четкате, почнувајте од кај врвовите и расплеткувајте полека нагоре за да избегнете кинење на коса и кршење на четка.

Масирање скалп

Наводно на скалпот му треба рутина исто колку и на лицето. Со масажа се поттикнува и растот на косата, плус се подобрува расположението и се олеснува стресот кој меѓу другото, има и негативно влијание врз брзината со која косата расте. Се почнува од предниот дел и се движи кон назад со нежен и истовремено цврт и постојан притисок.

Овие, плус уште методи за среќна коса што брзо расте - тука.

15 март 2019 - 00:28