Како да се ишишаш сама и притоа да не се упропастиш

Прво, кога пратите Јутјуб видео за некаква инстант физичка промена, ситуацијата многу брзо може да отиде од нула до „кај се родив кај се заебав.“ Ама кога човек ќе изнајде видео што реално (и испробано) функционира, и ќе заврши со стварно многу долга коса, ред е да сподели.

Кога бевме мали, бевме уверени дека има некој злокобен заговор во муабетот „колку почесто ја шишаш косата, толку побрзо расте“. Немаше логика. Не само што немаше логика, туку глупо звучеше. Од некакви демонски причини, сите околу нас сакаа да се шишаме, а ние баш ете тогаш завршувавме со гледање „Покахонтас“, а она не се шишаше!

Како да порасне косата, кога фризерката има проблем да разграничи што е 2 прста/сантим/само малце?

Па затоа чуваш, тоа цвета, се распаѓа, ти пеглаш, виткаш, и на крај пак завршуваш на фризер и се тешиш дека можеби, Снежана е сепак боље од Покахонтас (never!).

Сега вака на „старост“, човек и да се подзамисли. Останува проблемот за тоа колку често мора да се иде, и колку мрза е инволвирана во тоа идење на фризер, нели, дремење по некој саат, седење мирен, седење на фен (во сабота ќе биде 42 степени, да потсетам).

И тогаш, како една велелепна мрза, начекуваш видео на Јутјуб, и делува добро. И си викаш, налет и потење во кола и потење и мирување на фризер, јас го пробувам ова. 

И тоа стварно, стварно функционира. А резултат е брзо растење на коса, не затоа што си ставал скапи препарати, не затоа што видеото има некое магично стапче во него, туку затоа што - од што ти се дома ножиците и не мораш да мрднеш ни чекор од врата - можеш да се шишаш редовно.

Повелете:

28 јуни 2017 - 13:04