Слаба, или „слушалки околу струк“ слаба?

Има нов предизвик што се шири по кинеската социјална мрежа Веибо и како и сите предизвици врзани со физички изглед - глуп е.

Њујоршка модна недела - од улица

На улица е појако отколку на писта, си знаете. Ама овој пат, малку досадничко.

Пазете што правите онлајн - да не ви дојде Ингрид

За волја на вистината, откако ќе го изгледате филмот, ќе сфатите дека што и да правите на Инстаграм, ако решила некоја Ингрид да ви се залепи - решено е, ама поуката стои. Живееме во многу чудно време.

Кога лошите фотографии се подобри

Ние сѐ уште не можеме да се одвикнеме од лоши фотографии. Секојдневно пријатели и роднини, познати и непознати нѐ частат на Фејсбук со нив. На Твитер се нешто поопасни, на Инстаграм, јасно ви е - иако и таму има луѓе без осет. Но меѓу сите нив, залутува и понекоја, божем лоша фотографија што е всушност - феноменална.

За сите фанови на Кети Бејтс

За некои од нас, фасцинацијата со одредени актери се дели на два правци - кога си дете и ги мразиш затоа што биле негативци во филм, и кога престануваш да бидеш дете, а почнуваш да ги обожаваш - затоа што биле негативци во филм.

Сте пробале ли да го замислите Џек Николсон на македонска слава, во ‘90-ти?

Не можете вие толку да исликате славни личности и да ги објавите на Инстаграм, колку што женава може да ги собере во толкав број и уредно да си ги сложи во албум. И инстантно да претвори еден куп холивудски ѕвезди во гости извадени од југословенски сетап.

Разлика во години кај Дизни парови

Имаш и пристојна разлика, имаш и неочекувана (како за Дизни), каде што жените се постари, а имаш и Снежана, каде што принцот е за во затвор.

Како изгледа да си фотографка на Модна недела?

За почеток, те буткаат, те вреѓаат и те плукаат.

Сериозни ли се?

Таман мислиш дека се изнагледавме језиво во првиот месец ипол од 2020-та, Крокс се спојува со КФЦ и прави… па ова.

Ќе му се извини ли некој на Џони Деп?

Тие неколку што предупредуваа дека со #MeToo се претера и ризикуваа засекогаш да им ги закопаат кариерите - за ова зборуваа.

А понекогаш, славиме блог

Честито веридба, честито свадба, честито дете, честито внуче, честито вработување… Камо бе, честито блог?!

Жена на жена ѝ е жена

Активистката и актерка Роуз Мекгоуан ја нарече Натали Портман „лажна“, за носењето наметка со имиња на режисерки на Оскарите.

Како се дефинира културолошкото присвојување

На интернет сте го сретнале како „cultural appropriation“. 

Тројка најлесно се расипува

Секс во тројка е најчестата сексуална фантазија меѓу Американците, според едно истражување составено од 4175 испитаници, во кое од сите луѓе на возраст од 18 до 85, 95% мажи и 87% жени пријавиле дека фантазирале за секс со повеќе партнери. Но, оние што навистина успеале да си го остварат тоа, кажуваат и дека таа фантазија има најголем потенцијал да тргне наопаку.

Зошто луѓето ставаат путер во кафето?

Кето-евангелистите често споделуваат рецепти за кафиња со путер, и главно, често споделуваат сѐ што јадат во текот на денот како луѓето да ги интересира. Ништо ново, така и со хроно правеа, па еве сите сме живи, здрави, а сосе нив и дебели. Ама сепак, зошто луѓето ставаат путер во кафе?

Си направи проблем и ако му е

А можеби и фала му, што не сакајќи го стави прашањето на маса. Што треба да мислиме за Оскаровецот што ѝ се заблагодари на жена му дека се откажала од сопствената кариера?

На журката на Венити Фер

Или, што се случува после доделувањето. Некои го искористуваат тоа да се пресоблечат, а некои како Били Портер најмногу на свет го искористуваат тоа за да се пресоблечат.

Облеката на Натали Портман сепак била поинтересна

Носеше црно-златен фустан, со црна наметка, на чијшто раб беа извезени имињата на режисерките што не добија номинација во нивната категорија.

Немаше некои епски модни изјави годинава, нели?

Мислам, имаше супер фустани, ама не дека се сечеа вени како некои други години, или како лани за Били Портер.

Атиџе не е наша. Атиџе е своја.

Од кај тоа дека можете да ѝ кажете дали треба да оди на фризер?

Честито на сите што сфатија дека и возрасните жени се секси

Видовме како изгледаат на полувремето од Супербол.

Ова е Ријаназин

Ај-ди и Ријана заедно работат проект кој уште повредно ќе ги претставува прогресот и инклузијата во културата.

Малтретирање и мизогинија во Викторијас Сикрет

По спроведено истражување, Њујорк Тајмс известува дека постоела култура на силеџиство и мизогинија кон вработените и манекенките ангажирани од компанијата.