Која е тајната на црвениот ѓон?

Видеото се отвора со изјавата дека црвеното е статусен симбол и дека штом ќе го видиш - ти предизвикува одредена емоција. Точно е тоа.

Ние сме уште научени кога ќе дадеме пари за квалитетна кондура, „да не мрдне“, по можност минимум десет години, така и ги фалиме. Ова не е случај со Лубутан чевлите, кои, како и луѓето што ги носат, си бараат многу внимание. Упатен тип кој го интервјуираат во прилогот објаснува дека се работи за инвестиција. Купуваш скапа кола, ја носиш на сервис, купуваш скапи чевли - и нив - ама на овластен. Инаку, не ја бива работата:

7 септември 2020 - 01:39