Отворање и затворање на порите е мит голем колку врата

Можете да го држите лицето под пареа, да го прскате со мраз-ладна вода или да го покривате со топли облоги, ама порите нема ни да се отворат ни да се затворат. Никогаш. Зошто тогаш постои овој мит?

Порите во основа се дупки во кожата поврзани со фоликули на влакна кои овозможуваат до површината да стигне пот и маснотија - и ако сакате сосема да си ги избришете порите, значи сакате да престанете да бидете луѓе. Со други зборови, која и да е големина на порите - природна е и сите ги имаме, најчесто централно на лицето. Постојат фактори кои влијаат на големината, на пример оштетеност од сонце и генетика - ако колагенот околу порите се олабави, можат да се растегнат. Постои и проблемот на конгестија, кој создава илузија на поголеми или поочигледни пори.

Ако загубата на колаген е причината што порите ви се одеднаш поголеми, не постои никаква мраз-вода што ќе ви помогне. Наместо тоа, пробајте со ретинол, кој помага за создавање на колаген. И бидејќи и сонцето влијае, користете минимум 30-ка фактор за заштита од сонце секој (божји) ден.

Ако ви се блокирани, побарајте производи што содржат АХА и БХА киселини како лактилна, гликолна или салицилна киселина.

Како мит инаку, постојано се појавува и трае благодарение на тоа што кожата го менува изгледот откако ќе преживее екстремни температури. Не ви се отворени порите, туку крвните садови на лицето и луѓето обично реагираат на тоа - и нема врска со самата пора. Секоја процедура како микродермабразија, микроигли или друга технологија базирана на топлина ќе ги направи помали само затоа што ќе направи отекување. Кожата отекува како реакција на траума и порите изгледаат потесни - а не се.

Затоа, правец на дерматолог, да ви одреди совршена рутина за нега на лице со препарати што совршено ќе ѝ одговараат на вашата кожа и престанете да го трауматизирате лицето.

3 септември 2020 - 00:00