Кој сака Прада-Суперстар за 525 долари?

Затоа што, нема тука што да не се сака.

Ексклузивноста на Прада во комбинација со совршеноста на Адидас Суперстар?

Секоја патика е направена рачно од страна на Прада, во нивната фабрика во Монтегранаро во Италија, и со тоа е донесена на едно повисоко ниво од обичните Суперстар што чинат околу 80 долари. Процесот вклучува 100 различни чекори и 100 различни вработени во Прада, што е истовремено и објаснување за цената од 525 долари. 

Има три нови бои, за разлика од првиот пат, кога обичните Прада Суперстар беа класика црно-бели и се продаваа заедно со кожна „торба за куглање“ за тотал од 3170 долари. Сега се без торба, па затоа и вака евтини.

Новите ја имаат истата палета - бели со црни линии, па црни со бели линии и последните од металик-сребрена кожа.

Дајте тие со сребреното.

Ќе ги пуштат преку новата апликација на Адидас, од 8-ми септември, а ќе се продаваат и на сајтот на Прада. Ама пошто сме задња рупа на свирало, снајдете се и побрзајте, да не ги пропуштите, со оглед на тоа што од првите излегоа само 700 пара.

Само што, има најмалку 699 милионери, инфлуенсери, и други опседнати и со Прада и со Адидас што најверојатно ќе бидат пред нас.

4 септември 2020 - 00:00