Почна пред десет години и сега, после 11 сезони ќе ѝ дојде крајот. Имаме уште 24 епизоди од новата сезона за гледање, а премиерата на последната сезона ќе биде на почеток на 2021.
Сепак, го немаш она финално чувство, со оглед на тоа што се чека филм со Рик Грајмс, а паралелно најавуваат спиноф со Дерил и Керол што константно се најзанимливи ликови од почеток до крај. Ова ќе почне во 2023.
Плус, некои што веќе се мртви во серијата, ќе се појават во друг спиноф „Приказни за живите мртовци“ (до каде ќе ја цедат франшизата којзнае?!) и ова треба да биде „епизодна антологија со индивидуални епизоди фокусирани на нови или веќе постоечки ликови, заднини и други самостојни искуства.“
Тоа па колку ќе биде досадно, па.
Како и да е, ќе гледате последна сезона, или останавте на 6-та?