Глупо ли е да патувам пред да има вакцина?
Па… да. Да се качиш во авион со големо друштво би било доста гомнарски од твоја страна. Но, ако патуваш од земја со малку заразени, во кола со истите луѓе со кои што живееш, во некое изолирано место каде што исто така има ниска стапка на заразеност е поодговорен начин за патување. Сепак, сѐ уште важи фактот дека колку и да се чуваш, пак некако може некој да биде заразен, и ова важи и за тебе.
Што ако сум тестиран и имам антитела, или сум излечен? Може да одам кај сакам?
Веројатно не. Истражувањата покажуваат дека антителата траат краток период, па можеш пак да се заразиш. Тоа е ризик и за тебе и за луѓето со кои патуваш.
Тогаш, што би било најбезбеден начин за одмор во моментов?
Освен базенче на дување на тераса, што е најбезбедна форма на плажа во моментов, еве список на активности од најнеризична до најризична:
- Екскурзија со приколка и сопствен тоалет
- Екскурзија со приколка и користење на тоалет на бензински пумпи
- Со кола и смештај во Ербиенби
- Со кола и во хотел
- Со авион
- На крстарење
Што ако морам да патувам во или од место со многу случаи на КОВИД (еве смеее!)
Прво, размисли за тоа морам. Ако се заразиш го товариш здравствениот систем. Размисли за откажување на сите непотребни патувања ако стапката на позитивни кај тебе е 10% или повисока.
Смеам ли во базен и во џакузи?
Самата вода е безбедна, но близината на другите луѓе во неа, или во соблекувални или покрај базен е ризик. Ако не можете да оддолееш, не им се доближувај на луѓето во базенот.
Што ако стварно морам да летам?
Обиди се да резервираш седиште до прозор. Најбезбедно е затоа што нема да бидеш изложен на луѓе што се шетаат. Маска пред аеродром и да не се вади додека не слеташ. Мочај пред лет за да не мораш да чекаш ред во авион. А ако нема ред, би требало да е безбеден тоалетот.
И размисли уште еднаш за тоа „морам да патувам“.