Следната ревија на Бурбери ќе биде во живо на Твич

2020 го принудува светот одново да мери многу работи што досега ги земал здраво за готово. Работење од дома, (не)гушкање пријатели и, меѓу другото - модни ревии.

Знаеме какви беа пред пандемијата. На Шанел ги нарековме и Дизниленд за возрасни. Во секој случај, беа вистински спектакл што беше доживљај да се види во живо. Сега веќе не.

Модната индустрија се адаптира на дигиталниот календар на кој е принудена во моментов, и многу од големите модни куќи ја прифаќаат новата технологија за претставување на своите колекции. Од таму, Бурбери е првата куќа за висока мода што влегува во партнерство со гејминг-платформата Твич за стриминг во живо на шоуто што следува. Прозорче во браусер ќе ја замени гужвата околу писта, а моќната алатка за чет на Твич треба да креира „лично, инклузивно искуство“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Force of nature . #BurberrySpringSummer21 - experience live on 17 September 2020 at 1PM BST . #BurberryShow

A post shared by Burberry (@burberry) on

„Твич отвора нов, возбудлив простор, каде што нашата Бурбери заедница може дигитално да се транспортира и да има чувство како да има виртуелно седиште на нашето шоу,“ изјавува шефот на маркетинг на Бурбери, Род Менли. „Интерактивно искуство, каде гостите ќе се поврзат и со брендот и меѓу себе со персонализирање на гледачкото патување.“

Сместено и инспирирано од природата во Британија, шоуто за колекцијата пролет/лето 21 ќе ги вклучи гостите виртуелно преку медиумот на едно прозорче за лајв-стриминг. Со уште една алатка на платформата, Бурбери ќе може да покаже повеќе перспективи на шоуто. Во основа ќе се добие гламурот на претстава во живо, но без јаглероден отпечаток и без да треба да излезеш од хеланките што ги носиш од март.

Уште не сме одлучиле дали ни одговара ова и за во иднина.

15 септември 2020 - 15:09