Емили Ратајковски се отвори за предатори

Во статија за TheCut, како што пренесува Диет Прада, Емили Ратајковски се отвора околу враќањето на нејзиниот имиџ во сопствени раце, во индустрија каде што доминираат мажи фотографи.

Почнува со папарацо кој лани ја тужел што објавила слика од себе која тој ја направил - на Инстаграм стори. Замисли, се шеташ по град, те слика цреп, ја продава сликата, ти се бендисуваш, си ја ставаш - тужба. Каков свет!

Во друг инцидент, се најде како предмет на серија фотографии на Ричард Принс со наслов „Нови портрети“, каде што ликот буквално си принтал скриншотови од Инстаграм и си ги продавал, некои и за 80.000 долари по парче. Дозвола не побарал.

После, во детали раскажува за една фотосесија од 2012 со Џонатан Ледер, кој закажал вечерно сликање кај него дома во Вудсток, Њујорк. За време на сесијата (Ратајковски имала 20 години), Ледер ѝ нудел чаша врз чаша алкохол, а таа пиела сѐ, од страв дека ќе изгледа незрела и непрофесионална. Потоа, се сеќава на надреалното искуство на сексуален напад. „Не се сеќавам на бакнување, но се сеќавам дека во еден момент, прстите му беа во мене,“ вели таа. „Инстинктивно му ја повлеков раката со сила за да ги извадам. Ништо не реков.“

Полароидите направени таа вечер биле само за некое списание колку што биле информирани Ратајковски и нејзиниот агент, но Ледер си задржал еден куп за него. Во 2016, без нејзина дозвола, си ги објавил во книга со наслов ЕМИЛИ РАТАЈКОВСКИ. Судскиот процес открил веројатно фалсификувано одобрување од агентот на Ратајковски, но и после илјадници долари за правни разврски, останува малку надеж дека ќе има некакво значајно решение.

Империјал Паблишинг ја обвинува за осветољубивост:

„Многу сме вознемирени од последните (лажни) изјави на г-ца Ратајковски во Њујорк Магазин во нејзината бескрајна потрага по публицитет. Се разбира, г-н Ледер тотално ги одрекува нејзините безобразни тврдења дека била „нападната“. Гротескно е и тажно што е толку осветољубива за на таков начин рутински да лаже во јавност.“

извор 

16 септември 2020 - 12:31