Можно е сето ова да ви е познато, но сепак, паметните луѓе се толку навикнати да се сомневаат во себе, што повремено повторување не е на одмет.
Најпрвин, да се порадуваме на времето во кое живееме: Нуди опција да дознаваш „тајни“ од областа психологијата со клик, и во случајов, постои корисен Јутјуб канал - Psych2Go (Психологија за носење), што со симпатични анимации и прилагоден јазик ја доближува психологијата како наука до обичниот човек кој сигурно не е спремен за предавање, туку седи пред монитор во пижами, со чипс во рака. До толку е корисен, што го имаат откриено скоро 4 милиони претплатници.
Од таму дознаваме дека осумте карактеристики што го прават човек поатрактивен се:
Самодоверба - едноставно е, кога си самоуверен си свесен за сопствените вредности и луѓето го гледаат тоа. И без разлика што во глава ви се појавува слика на комуникативна, бучна, дури и наметлива личност, самодовербата не е еквивалент на тоа. Кога си вистински самоуверен, не ти е ни битно дали им е јасно тоа на луѓето.
Достапност - без разлика што општото мислење е дека треба да бидеш хард ту гет за на луѓето да им бидеш поинтересен, психологијата вели дека токму спротивното е точно.
Уникатност - се подразбира, затоа што ако имаш (добра) карактеристика што луѓето можат само кај тебе можат да ја сретнат, автоматски си им привлечен за запознавање и дружење. И не само тоа, не постои човек што мисли, зборува, мрда и се однесува исто како некој друг човек. Ако држите до себе и не се трудите да бидете некој друг, автоматски сте поатрактивни.
Љубезност - затоа што сељаштина никогаш не била и никогаш нема да биде привлечна особина. Љубезноста не ве чини ништо, а во комбинација со самодоверба, дури и кога некој ќе ви врати со нељубезност - пак ништо не ви може.
Интелигенција - која можете да ја надоградите со тоа што ќе вложувате во духот и искуството. Читање, патување, уметност, информираност, сопствен став кон работите...
Пасија - ентузијазам и желба да постигнеш некоја цел. Луѓето што имаат страст кон нешто зрачат со мотивираност и решаваат проблеми. А кога се такви (наспроти инертни) се инспиративни и за луѓето околу нив.
Смисла за хумор - ако не се сфаќате себеси пресериозно и држите до сопствената смисла за хумор, ќе бидеte опкружени со луѓе кои ја делат истата смисла за хумор, што автоматски го подобрува квалитетот на животот.
Однесување и изглед - на луѓето им се потребни 30 секунди да одлучат дали некој им е привлечен, а во 30 секунди најчесто сѐ што можат да видат е изглед и однесување.
Подетално и постручно: