23 нешта што треба да ги знаете пред да започнете свој бизнис

И овие совети не ги кажува некое извикано име од светот на бизнисот. Ги кажува моден креатор со свој мал бизнис (не империја) кој цвета во мали, а доволни размери.

Лезбејка сум и ја мразам геј-заедницата

И додека растев и почнував да кажувам дека сум геј, секогаш ги презирав луѓето што едноставно МОРАА да ја направат нивната сексуалност единствен елемент на нивната личност. Што се случи со едноставното сакање луѓе на поинаков начин и терање со животот?

Настапот на две од најуспешните жени на светот да ти бил антифеминистички

Во неделата, Шакира и Џенифер Лопез направија неверојатно јако (и женско!) шоу на полувреме од Суперболот. Секоја испеа микс од најголемите хитови, танцуваа, и тоа опасно, изгледаа фантастично и публиката полуде од среќа. Што има тука да не ти се допадне? Е, имало.

Да се распакувам или не?

Што е подобро кога си на пат, да извадиш сè од куфер, или сè да ти остане внатре?

Ја викаат „Индиската Фрида Кало“

...А не е фер, затоа што е скроз своја. На креативната вибрација на Фрида Кало, Индија одговара со Амрита Шер-Гил, која им го носи модернизмот во уметноста, а споредбите доаѓаат не толку заради сензибилитетот (и веѓите), туку заради тоа сестринство на самоослободување кое сите жени-уметници би требало да го следат.

Стикери за фриленсери

Она кога ќе заборавиш како изгледа надворешниот свет, како се разговара со луѓе во живо, како изгледа дрво...

Опасниот мит за „шефицата“

Дисклејмер: не балканскиот архетип. Оној, од поп-културата е тука тема на муабет.

10 грешки во стил, и како се поправаат

Понекогаш е едноставно (кога стоиш пред огледало) да преминеш од „шознам“ во „закон“.

Моќта на целибатот

Во ваков свет каде што сексуален партнер можеш да најдеш побрзо отколку да ти достават пица, никогаш не било полесно да бркаш дечковци/девојки. Но, и покрај сите апликации и пораки во инбокс, изненадувачки голема бројка на луѓе апстинираат - и тоа не од религиозни причини или затоа што не можат да си најдат некој - нив целибатот е тоа што ги прави посреќни.

Замисли да живееш во ваков забавен стан

Каков ќе биде станот на Елен Ван Дусен ти станува јасно уште кога ќе застанеш пред влезната врата со боја на кашкавал од цртан филм.

Кери Бредшо и раѓањето на инфлуенсерството

Многу оддамна, во далечната 1998, се роди „Сексот и градот“, а со тоа и зачетокот на инфлуенсерството какво што го знаеме денес. Ова е пред повеќе од 20 години и навистина личи како да постоело во изолиран свет, во Њујорк што нема врска со денешниот Њујорк, ама сè си е тука, како ембрион на чудовиштето што го имаме денес.

Сентименталноста може да ти помогне да заштедиш

Не се сите махери за штедење. Како да не ни доаѓа природно да ги прибираме платите за некоја нејасна, хипотетичка иднина, кога постојат толку фини работи за купување во сегашноста (сметки и да не спомнуваме). Но, бидејќи нашата социјална структура бара да штедиме пари за да живееме удобно и да не бидеме товар на семејството и пријателите, мораме да се натераме на ова

Слушајте ја Опра

Ако веќе се инспирираме, нека биде тоа од некој што знае што зборува.

Не е разголеното девојче она што го прави светот опасен за живеење

Еднаш на Твитер имаше прашање што требаше да биде забавно за одговарање, а ја извади на површина една од попоразителните вистини за жените од вчера, денес, а ако не ни дојде памет - и утре.

Видете што има Гучи ново

Еве оваа ташна ја има. Која е потребна во секој дом.

Луи Витон отвора ресторан

Не е невообичаено за големи модни брендови да имаат ресторани, барови и кафичи во портфолио. Луксузното угостителство во светот доживува свој мини-бум.

Сега модерно било да бидеш домаќинка

Еден нов тип на домаќинки ги открија социјалните мрежи и сега споделуваат детали од нивната феминистичка борба. Проблемот е што треба малку да се смират.

Кој сака Монтка фустан?

Ладничко ви е, а ви се дотерува како за гала вечер? Монклер мисли на вас!

Биди љубезен кога патуваш

Често се пишува за хакови на тема како да бидеш подобар при патувања - како да ги најдеш најдобрите зделки, како ефикасно да се движиш низ аеродроми и други трикчиња е секако фино да се знаат, но постои и еден дел од филозофијата на патување што е еднакво важен: како да бидеш љубезен. И тоа е своевиден хак.

Зошто?

Мора да им се признае на луѓето дека се спремни на сè за малку енгејџмент.

Украинките ги враќаат цветните круни како знак на национална гордост

Од една работилница составена од стилисти и фотографи со име Трети пивни, одлучуваат да направат камбек на една од поубавите украински традиции, со тоа што ќе и дадат ново значење. Прават серија портрети на современи Украинки со традиционални украински цветни украси за глава.

Достоен некролог за Тери Џонс

Тери Џонс почина на 77, што значи дека конечно ќе открие дали Месијата навистина е неваспитан.

Кризата што те снаоѓа на 30 и кусур

„Знам дека стареам затоа што Киндлот ми се претвора во библиотека за самопомош,“ рече Али Вонг во „Бебе Кобра“ (го има на Нетфликс).

Жан Пол Готје се поклони

Готје на светот му го поклони неговото последно шоу, и беше токму такво какво што се очекува од него.