Нетфликс се извини за „Cuties“

Филмот е со мали девојчиња, а Нетфликс го рекламираше со, според некои, сугестивна фотографија.

Извинувањето беше кратко, после многубројните осуди околу маркетингот на филмот. Се работи за француски филм кој доби Светска кинематографска награда за режија на Санденс, а го следи животот на Ејми, 11-годишно девојче што се придружува на група танчерчиња со име „Слаткиши“ во школо и рапидно се освестува за нејзината женственост, што ја вознемирува мајка ѝ и нејзините вредности. Го фалат особено заради правилно справување со чувствителни теми.

Почнаа да го промовираат со време, пред 9-ти септември кога треба да биде премиерата на платформата, но постерот предизвика бура од онлајн критики со аргумент дека сексуализира деца. Го викаа „одвратен“, коментираа дека „Нетфликс ептен ја зафркна работата тука“ и слично.

Францускиот постер е поинаков:

Нетфликс ја тргна навредливата фотографија, но не потврди дали сами го направиле или се работи за агенција. Во изјавата за Дедлајн велат,

„Длабоко жалиме за неприкладната фотографија што ја искористивме за Cuties. Не беше во ред и не беше репрезентативно за овој француски филм. Сега има нови слики и нова кратка содржина.“

По стотти пат прашањето: како сфаќаат дека „не е во ред“ откако ќе ги закачат на Твитер?

25 август 2020 - 00:00