Кога фотографот ти е едвај до колена - буквално

Сме заборавиле како изгледа светот кога си висок колку маса. Стенли Џонс има година ипол, поточно - 19 месеци и нѐ потсетува на тој поинт оф вју.

Син му е на еден фотограф на Британската армија, Тимоти Џонс. Тимоти еден ден му го дава неговиот стар апарат и го учи како да стисне копче и да рече „Насмејте се!“. И раскажува како детето почнало да се шета наоколу и да слика сѐ околу себе и притоа да му вика „Насмеј се!“.

Најинтересното е што, со денешнава чудна мода, еден великан како Гучи пари би дал за вакви фотографии на граници со бизарност. На бизарност добиваат кога ќе влезат во лукбук за најнова колекција, со незгоден филтер, а истата бизарност ја снемува кога ќе сфатиш дека можеби сведочиш на зачеток на одлична фотографска кариера. Размислете да ги насочите децата на било каков уметнички правец од година ипол. Можеби ќе направите чудо.

А ако се вратиме на склоноста на некои брендови да прават неочекувани каталози, видете каква реклама за патики е ова:

И за фармерки, и вовед во уште една сезона на рамбовки:

Еве, моделите фатени во чудни пози:

Мистерија околу тоа што се случува на сет:

Исто и тука:

Убацуваш куче, за да биде повесело и да овозможиш увид во тоа каква журка било додека се правел каталогот:

И суптилно додаваш реклама за сандали:

И една нејасна слика за доловување на атмосфера:

Овде веќе е јасно дека патиките се централна точка на колекцијата и пола зумери на ТикТок ќе изгубат памет по нив:

Пауза од фотосесии:

Маскота на колекцијата:

Задкулисни фотки:

Афтерпарти:

И еве го мајсторот пак:

1 септември 2020 - 00:18