Откриле дека на сметката го пишува идентификацискиот број на вработениот, кој освен што кажува кој ја направил трансакцијата, на вработените им служи и за добивање попусти и бесплатна храна и пијалоци.
Од магазинот Ин д Ноу разговарале со еден вработен кој вели дека забележал луѓе што тврделе дека се „партнери“, а Старбакс има цела екипа која набљудува дали вработените претеруваат со користење на шифрите, па ако се користат пречесто или на повеќе различни локации - ги отпуштаат.
Она што всушност се случува е лажно претставување и крадење.
„Предизвиков на ТикТок постои, и направен е за ние да летаме од работа,“ вели човекот, кој е бариста во Флагстаф, Аризона.
Во 2014, компанијата имплементирала „план со дигитална партнерска картичка“, каде што вработените имале опција да нарачаат физичка картичка која би им стигнала за две недели. Инаку, сѐ би било онлајн, а потребен би им бил само бројот со 16 цифри.
Според политиката на компанијата, потребно е и приложување на лична карта, ама тука новото време си ги носи своите нови проблеми - трансродови лица може да имаат едно име и презиме на личната карта или возачката, а под шифрата да се запишани со друго.
Ова Старбакс веројатно ќе го реши, а за ТикТок, на толку глупости, прашање на време е кога ќе имплодира.
И тоа не пред да создаде неверојатни милионери.