Иако по интернет се врткаа маски со логоата на Шанел, Гучи и Луи Витон - лажни беа. Големите модни куќи не се осмелија агресивно да продаваат маски за да не им рипнат дека профитираат од кризата или дека ја гламоризираат.
Е сега, маската на Бурбери чини 90 фунти, и е произведена со остатоци од материјал. Многу помали брендови пуштија маски без профит и нагласија дека сите пари од продажбата, значи 100% ќе одат во добротворни цели.
Бурбери реши да одвои 20%.
Во меѓувреме, податоците кажуваат дека изработката на маски успеала да одржи на нозе многу семејства чии приходи потонаа заради пандемијата. Етси пријави дека продажбата на материјали за покривање на лицето донела 346 милиони долари во последните три месеци и опфаќа 14 проценти од целиот бизнис. Ова луѓето одлично го прифаќаат, но било кој обид на голем, моќен бренд за заработка од кризата (Ким Кардашијан на пример, Асос и Бохо) добива напади речиси инстантно.
Од друга страна, колку поголем и помоќен бренд, толку повеќе вработени за плата во време кога никој не е заинтересиран да пазари мода, па којзнае и дали така лесно може да ги обвини човек за профитирање.
Сепак, мора да има нешто поинтересно од Бурбери маска.