Ако ти пречи топлес… Не се сончај топлес?

Едноставна е филозофијата. Но, не и за едно семејство, на една медитеранска плажа.

Фамилија што требало да си брка работа на плажа, пријавила три жени за сончање топлес во полиција, при што полицијата пристапила кон замолување да се припокријат, при што дошло до реакција од самиот министер за внатрешни работи на Франција, кој фала богу - ги одбранил.

Инцидентот се случува на Сан Мари Ла Мер и полицајците се сега први на удар од негодувањата на јавноста.

А твитот на министерот Жералд Дарманин гласи: „Слободата е скапоцен комодитет.“

И како таков, нема што да го шиткаме за пуритански фамилии на кои нормални изјави им се „Маж ми дојде да се одмори, а ете види они што прават.“

Аргументот на фамилијата бил дека „деца гледаат“, според изјавата на полициската станица.

Портпаролката на полицијата пак, ја обвинува „трапавоста“ на полицајците за инцидентот, бидејќи во Франција не е нелегално да се сончаш топлес, иако локалните власти можат да забранат, со директиви во однос на облека.

Една анкета на сајтот ВиХелти во 2019 покажува дека оваа пракса е поретка во Франција отколку порано, а уште поретка во други европски земји. Ако ве интересира баш статистика и планирате одмор за до година, 22% од прашаните Французинки се сончале топлес, во споредба со 48% Шпанки и 34% Германки.

26 август 2020 - 13:27