Обраќањето е со His Serene Highness и има легислативна, извршна и судска власт. Можеби има повеќе одговорности од еден просечен монарх, може е наследник на една од најстарите династии во Европа (700 години), но ја нема мајката на сите ројал титули - Крал.
И татко му Рение беше принц, и мајка му Грејс Кели беше принцеза, никогаш кралица. И дедо му и баба му, и тие пред нив, и така натаму - јасно ви е.
Ова нѐ води длабоко во историјата на Монако. Отсекогаш биле мала нација и за заштита влегувале во сојузи (или понекогаш буквално биле анексирани) со големи, моќни земји и моќни владетели - како кралства или нации што ги владееле кралеви и кралици. Затоа и владетелите на Монако се нарекувале себеси принцови и принцези. И без разлика што монархијата во Монако ги има надживеано скоро сите други Европски монархии, титулата си остана. Во интервју со Лари Кинг, во 2002, додека Рение уште владееше, принцот Алберт го објасни тоа:
ЛК: Зошто татко ти не е Крал Рение?
ПА: Па, затоа што Монако е principality (кнежевство, принципат), Лари, па според тоа и титулата е принц, која си ја вратил во 17-ти век принцот Хенри Втори, и постигнал Монако да се признае како кнежевство од страна на кралот на Франција.
Ете, едноставно било.
Не дека некој се буни, де. Само да сме во Монако на плажа, може и принцови и принцези да бидеме, што мора кралеви, се задоволуваме ние и со малку.