Го читаш списокот, и прво си викаш, јасно е дека е застарен, ова денес не проаѓа. После гледаш „Вози точак низ Европа“, или „Заработи многу пари“, или „Заврши средно“, па се прашуваш, да не е ова некоја завиена форма на храбрење жени преку потрага по маж да се осамостојат и да станат доволни сами на себе? Па, читаш „Немој да помисли дека кариерата ти е поважна од бракот“, па се наметнува прашањето - тролање е, или буквално ловење мажи во мрежа, за тебе да ти биде полесен животот како жена во 1958?
Еве на пример:
- Земи куче и шетај го.
- Нека ти се расипе колата на стратешко место.
- Запиши се на курс што би му се допаднал на маж.
- Види на попис каде има најмногу сингл мажи (хехеее, што ќе праите сега?!)
- Читај некролози за да најдеш вдовец.
- Запиши се во клуб за пешачење.
- Запиши се на голф.
- Оди на неколку кратки одмори на различни места, наместо на еден долг на едно место.
- Седни на клупа во парк и храни гулаби.
- Оди со велосипед низ Европа.
- Стани медицинска сестра или стјуардеса.
- Прашај ги мажите на другарките за слободни дечковци кај нив на работа.
- Биди фина со сите, може имаат некој брат или син како за тебе.
- Вработи се во администрација во странска земја.
- Волонтирај во порота.
- Биди фина со грди мажи.
- Кажи им на пријателите дека сакаш да се омажиш.
- Изгуби се на фудбалски натпревар.
- Не се вработувај во компанија што главно ја водат жени.
- Во авион, воз или автобус, не седнувај до жени - седни до маж.
- Оди на сите годишнини од матура, може има вдовци.
- Не се плаши да се дружиш со позгодни од тебе, може ќе остане нешто и за тебе.
- Врати се во твојот роден град. Бесниот комшија сега може е ерген за женење.
- Немој да живееш со патетична другарка, да не те повлече на нејзино ниво.
- Повремено менувај станови.
- Кога патуваш, сместувај се во мали хотели каде што полесно се среќаваат непознати.
- Научи да сликаш. Намести штафелај пред инженерска школа.
- Сопни се кога ќе влезеш во просторија каде што е и тој.
- Носи кутија за шапка со себе.
- Залепи си ханзапласт - луѓето секогаш прашуваат што се случило.
- Заработи многу пари.
- Научи неколку забавни приказни и научи добро да ги раскажуваш, ама немој да ги раскажуваш повеќе од еднаш.
- Пријди му и кажи му дека ти треба совет.
- Испуштање на марамче сѐ уште функционира.
- Татко ти нека ти купи карти за театар од кои „мора да се отараси“.
- Стој во некој агол и нежно плачи - големи се шансите да дојде да те праша што ти е.
- Купи си кабриолет - мажите сакаат да се возат во такви.
- Научи да правиш пита со јаболка и однеси на работа - слободните мажи нека ја пробаат.
- Смеј му се на шегите.
- Не сакајќи нека ти се отвори ташната и нека ти падне сѐ по улица.
- Носи штикли најчесто - посекси е.
- Внимавај како се изразуваш.
- Биди на диета ако треба.
- Немој многу да се буниш.
- Не кенкај.
- Прати ѝ роденденска честитка на мајка му.
- Прашај ја мајка му за некој рецепт.
- На првиот дејт кажи му дека размислуваш за мажење.
- Направи го домот удобен кога ќе се најави - големи пепелници, удобни фотелји.
- Никогаш нека не дознае дека кариерата ти е поважна од бракот.
Сите 129 - тука.