Минатиот пат, Меланија Трамп облече јакна со тотално непромислена порака, за едно појавување меѓу луѓе од ранливи категории. Додека плачеа деца по граници, Меланија ладно влезе во приватен авион со парка, на чиј грб имаше напишано „Не ми е баш гајле, а тебе?“
За проблематичниот шешир што баш во Африка ѝ текна да го носи ич да не почнуваме.
Сега нешто пак се прошета, и пак како намерно да се пика во челуста на јавноста што и онака му е бесна на нејзиниот сопруг, веројатно скоро колку и самата таа.
На што ве потсеќа?
Чек, ќе ви помогнеме:
Еве уште малку помош, пак од Диет Прада, дека се фини, ама сосе музичето да гледате:
Не може да не ти текне. Од една страна си викаш, може се стварно толку без осет, од друга страна, ако сакаш да навлезеш во ова како „порака“ од администрацијата на Трамп, тогаш - што? „Фашисти сме“?
Нека ви текне на ова следниот пат кога ќе помислите дека модата е небитна.