Одговор на јакната на Меланија Трамп

Знаете која јакна.

Се сеќавате кога пред некоја недела, Меланија Трамп отиде да се види со луѓе од ранливи категории, најнеумесно облечена? Не, барем да беше со деколте до папок, барем да беше гола, ама во време на збеснат интернет и луѓе со лесно увредлива природа (а и да признаеме, стварно немаше потреба од таа глупост, како прва дама), отиде со јакна на која пишуваше „Баш ми е гајле, а тебе?”

Сега јакната на Меланија добива одговор, и тоа е еден од настаните што може да се каже дека се симпатични меѓу морето од реакции на ствари што сме ги виделе на интернет.

Откако Меланија ја облече парката од Зара, феминистичката марка Вајлдфенг направи слична јакна, како одговор на оваа невкусната - со натпис: „Мене ми е важно, а тебе?” Чини 98 долари и целиот приход ќе оди за Центарот за едукација и правни услуги за бегалци и имигранти, кој обезбедува бесплатни, или евтини услуги на обесправени доселенички деца, семејства и бегалци во Тексас.

Нарачки се правеа месец дена, и луѓето на крај ги добија нивните правични јакни:

 

A post shared by Katie Steller (@katiesteller) on

 

 

A post shared by Annette Ponnock (@harp213) on

 

Стварно е јака. 

7 август 2018 - 01:59